Краток историјат

Аптека
Ремедија

ПЗУ Аптека „Ремедија “ започна да работи во 1992 год на првата локација во центарот на Прилеп. Основач на аптеката е м-р спец. Донче Папазоска. Низ годините се проширивме уште на две локации во општина Долнени и тоа во с. Лажани и с. Дебреште.
Денес носители на фармацевтската дејност во аптеките се магистри по фармација и фармацевтски техничари кои со своето знаење и искуство ќе Ви помогнат во рационалното користење на лековите,како и ќе Ве едуцираат за препознавање и спречување на одредени заболувања.
Аптека „Ремедија“ ги обавува следните фармацевтски активности:
1. промет со лекови на мало што опфаќа нарачување, чување и издавање на лекови на рецепт и лекови без рецепт, изработка и издавање на магистрални препарати.
2. промет со храна за деца и диететски производи
3. промет со медицинска козметика, средства за лична хигиена, пелени и ортопедски помагала
4. фармацевтска грижа и советување на пациентите за правилната употреба на лековите, медицинските и диететските производи
Нашата мисија е унапредување на квалитетот на живототот и заштита на здравјето на нашите пациенти!

Мисија: Квалитетни лекови во секое време

Нашата мисија е унапредување на квалитетот на живототот и заштита на здравјето на нашите пациенти!